Дожд и снег денеска, воведена забрана за камиони и автобуси на дел од критичните правци

Од:

Времето денеска е променливо облачно со повремени врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините од снег.

Според прогнозата на УХМР, врнежите ќе бидат пообилни во западните делови од државата. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец.

Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец.

Минималната температура се движи од -2 до 5 степени, а дневната од 1 до 11 степени.

Поради врнежи од снег од 7.40 часот се воведува забрана за сообраќај за камиони и автобуси на патниот правец Тетово – Попова Шапка, соопшти ЈП „Македонијапат“. За другите видови возила е задолжителна употребата на зимска опрема.

ЈП „Македонијапат“ утрово информираше и дека поради обилни врнежи од снег од 6.50 часот е воведена забрана за сообраќај на камиони на патните правци крак Маврово – Дебар и Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража.

Би можело да ве интересира

Пороен дожд, грмежи, северен ветер и услови за изолирана појава на град

А1он

Пороен дожд, грмежи и силен ветер и денеска и во прзничниот викенд

Облаци, сонце и ветер денеска, во продолжениот викенд пороен дожд

Сонце, ветер и облаци деновите, во продолжениот викенд врнежи

Катерина Ѓуровски

Променливо облачно и посвежо

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и ветер

А1он