Дожд, грмежи и засилен ветер до петок

Од:

Под влијание на циклонска активност од Турција, денеска се најавува нестабилно време со дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд, силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе се движи во интервал од 11 до 19, а максималната од 28 до 36 степени.

Во Скопје, претпладне сончево време со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има услови за развој на нестабилна облачност, проследена со дожд, грмежи и засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 33 степени.

Нестабилното време со дожд, грмежи и засилен ветер ќе се задржи до петок кога следува период на претежно сончеви и потопло време со пораст на дневните температури кои ќе го надминат 30-тиот степен. Во четврток се најавува изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.

Би можело да ве интересира

Топло време со високи температури, најава за невреме вечер

Топло со темератури до 38 степени, за попладне најава за пороен дожд

Сончево и многу топло време, попладне услови за пороен дожд и невреме

А1он

Нов топлотен бран, период со температури до 40 степени

Катерина Ѓуровски

Од четврток повторно многу топло, во викендот до 40 степени

Температури до 36 степени денеска освежување во вторник, потоа повторно топло

Катерина Ѓуровски