Доставени 120 барања за субвенции за печки на пелети

Од:

Во изминатите три дена до архивата на град Скопје се доставени 120 барања за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на Скопје за купување печки на пелети.

Надлежната Комисија почнала да ги разгледува пристигнатите барања и во текот на наредната седмица ќе контактира со барателите, кои ги исполниле документациските услови, за да се утврди термин за увид на инсталираната печка, соопшти канцеларијата на односи со јавност на град Скопје.

Истакнува дека сите зинтересирани граѓани кои имаат намера да конкурираат за надоместување средства треба уредно да го пополнат образецот за барање во целост. Барањето може да се подигне во архивата на Град Скопје или да се обезбеди од интернет страницата на Град Скопје на линкот http://www.skopje.gov.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=775.

Покрај пополнетиот образец треба да се достави и  доказ за жителство во Град Скопје, со доставување фотокопија на личната карта на барателот со адресата на живеење (објектот каде што е лоцирана печката на пелети), и доказ во оригинал дека е извршено купување на печката на пелети (со фискална сметка или фактура со извод од деловна банка по денот на објавување на повикот).

Пријавувањето ќе продолжи и во текот на наредната седмица, при што заинтересираните своите  барања за искористување на правото за надоместување на дел од трошоците, заедно со потребната документација, треба да го достават во затворен плик до Град Скопје бул.Илинден бр.82, во архивата на Градот, секој работен ден од 09:30 до 15:00 часот.

Од Град Скопје соопштуваат дека во зависност од динамиката на пристигнување на пријавите, периодично ќе ја известуваат јавноста за преостанатите средства, се до нивно целосно искористување, но не подоцна од 30 следниот месец. Исплатата на средствата ќе се врши сукцесивно, според редот на пристигнати пријави, се’ до исполнување на предвидениот буџет за оваа намена, кој изнесува 5.890.000 денари.

Би можело да ве интересира

Семејно насилство во Скопје: Мајка е истепана од својот син

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски