Доставен предлогот за заменици министри

Од:

Премиерот Никола Груевски до Собранието достави предлог за именување заменици на министри во Владата. Именувањето се очекува да се случи на собраниската седница закажана за 10 јули, во четврток.

За заменик-министер во Министерството за одбрана се предлага Арбен Љаденишта, за заменик-министер за внатрешни работи Земри Џамиљи, за заменик-министер за правда Билјана Бришковска Бошковски, за надворешни работи Драгана Кипријановска, за финансии Ардијан Џељадини, за заменик-министер за економија Христијан Делев, за земјоделство, шумарство и водостопанство Ванчо Костадиновски.

За заменик-министер за здравство е предложен Јовица Андовски, за заменик-министер за образование Спиро Ристовски, за заменик-министер за труд Ибрахим Ибрахими, за заменик-министер за локална самоуправа Љупчо Пренџов, за заменик-министер за култура Драган Недељковиќ, за заменик-министер за информатичко општество Марта Арсовска Томовска, за заменик-министер за транспорт и врски Ниметула Хаљими и за заменик-министер за животна средина и просторно планирање Стево Темелковски.

Би можело да ве интересира

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on