А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Доставен документот за прогласување на Охридско-преспанскиот регион за Биосферен резерват на УНЕСКО

by А1он30/09/2013 - 16:1199
Share0

Со доставување на номинацијата до седиштето на УНЕСКО во Париз, официјално отпочнува процесот на оценка на апликацијата за прогласување на Охридско-преспанскиот регион од двете страни на македонско-албанската граница за биосферен резерват и подрачје под посебна заштита како драгоцен природен ресурс.

Добивај вести на вибер

Првично по апликацијата се очекува посебна комисија на УНЕСКО да се изјасни некаде во ноември годинава, додека конечната одлука за прогласување на Охридско-преспанскиот регион за биосферен резерват некаде напролет идната година.

Како што појасни Дејан Пановски од Билатералниот секретаријат за заштита на Охридското Езеро, номинацискиот документ е доставен до експертите на УНЕСКО со проследни писма на поддршка парафирани од министерите за животна средина на Република Македонија и Република Албанија и од Националните комисии на УНЕСКО на двете земји.

– Заедничкиот Тим направи огромна работа за еколошката и економската (туристичката) иднина на регионот. Очекувам позитивни оценки од УНЕСКО, а во подоцнежниот процес и активирање на акционен план за управување на Биосферниот резерват кој ќе донесе многу придобивки за околуезерскиот регион. Впрочем, нашата мисија како екологисти и еко-дипломатија е токму ваква, изјави Пановски.

Биосферните резервати во светот се атрактивни туристички и научни дестинации. Реткостите што ја нуди регионот на Охрид и Преспа со двете езера, националните паркови и природни ендемизми е ненадминлива. Плановите се после очекуваното добивање на статусот да биде изработен и план за управување со Биосферниот резерват, на регионот да му се даде пошироко светско значење, преку подигнување на степенот на долготрајна заштита на природните вредности, истовремено креирајќи придобивки за заедницата.

Биосферниот резерват во своите предложени граници утврдува три зони: Зона на строга заштита, гранични зони и зони на активно управување.

– Статусот резерват ништо не забранува, но става рамки за идно менаџирање. Користа може да биде многукратна, од подобрување на животниот стандард на локалното население преку правилно спроведување на концептот за биосферен резерват, преку поврзаност на постојните заштитени подрачја со заеднички практики за управување и заеднички иницијативи, до одобрено управување со различните водни и копнени еко-системи и нивна долготрајна заштита, истакна Пановски.

ohrid

Би можело да ве интересира

Почувствувани два земјотреса во Битола и Охрид, епицентрите во Албанија и Грција

Горан Наумовски05/02/2026 - 07:54

Земјотрес во Грција од 3,7 степени по Рихтер, почувствуван и во Охрид

Горан Наумовски04/02/2026 - 20:2104/02/2026 - 20:45

Обвинителството започна истрага по ревизорскиот извештај на ДЗР за Општина Охрид

Горан Наумовски28/01/2026 - 11:27

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски12/01/2026 - 09:2512/01/2026 - 15:02

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски09/01/2026 - 09:3309/01/2026 - 12:33

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица

Горан Наумовски08/01/2026 - 09:56
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен