Досега 140 пријавени за фаќање на крстот во Вардар на мостот „Слобода“ во Скопје

Од:

Речиси 140 лица досега се пријавени за учество во традиционалното спуштање на крстот во Вардар во центарот на Скопје на 19 јануари на Богојавление – Водици, информира денеска отец Благоја од храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ во Скопје.

Пријавувањето за учество на манифестацијата „Водици 2026“ беше од 3 јануари до денеска зад соборниот храм „Свети Климент Охридски“, во Митрополијата. До денеска се издаваат и лекарските потврди од Институтот за спортска медицина.

– Оние што се во ред со здравјето може да учествуваат на манифестацијата „Водици“. Има голем интерес и досега се пријавени речиси 140 граѓани. Вечерва до 19-20 часот ќе се земе списокот и ќе се види точниот број. Малолетници може да учествуваат со дозвола од родител и со потврда од спортска медицина и ќе треба да присуствуваат со родител. Потребни се лична карта и потврда од спортска медицина, заверка на картоните на самиот ден – 19 јануари. В понеделник во 7.30 часот секој што е запишан и има добиено картонче за учесник да дојде зад храмот „Рождество на Пресвета Богородица“, каде што ќе се стави печат на картоните и само така ќе бидат пропуштени од МВР покрај реката Вардар за да учествуваат во манифестацијата – рече отец Благоја.

Тој изјави дека некои од учесниците постат и сакаат да се причестат пред спуштањето на светиот крст. Оној што прв ќе стигне до крстот, ќе биде соодветно награден од МПЦ.

Одбележувањето на празникот Богојавление ќе почне во 9 часот во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“, каде што ќе богослужи поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, архипископот г. г. Стефан.

По завршувањето на литургијата, богојавленските литии заедно со свештенството во поворка ќе се упатат кон мостот „Слобода“ кај хотелот „Холидеј ин“, каде што ќе почне водосветот, а потоа околу 12 часот поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, архипископот г. г. Стефан, ќе го спушти светиот и животворен крст во водите на Вардар.

Според верувањата, оној што ќе го фати крстот, ќе го следи среќа и благослов цела година. Фаќањето на крстот значи соединување на човекот со Христа, а се верува дека со положувањето на крстот водите стануваат лековити.

Во земјата, во согласност со Законот за празниците, Богојавление – Водици е неработен ден за граѓаните од православната вероисповед.

Би можело да ве интересира

Мартин Гоџоски го фати крстот во Охрид

Катерина Ѓуровски

Посебен сообраќаен режим во Скопје за Водици

Пријавени над 220 граѓани кои ќе се обидат да го фатат крстот во реката Вардар во Скопје

Водици во Кисела Вода се одбележа во базенот „Расадник“: Крстот го фати Давид Мелоски

А1он

Дарко Паскоски го извади светиот крст од водите на студениот Црн Дрим во Струга

А1он

Зечевиќ од Охрид: Силата на духовното раѓање што го носи Водици и вербата во новата надеж нека бидат наша заедничка поткрепа да создадеме подобра иднина

А1он