Дополнителна градежна механизација во Могила и Новаци

Од:

Пелагонискиот кризен штаб на претпладневната седница одлучи да испрати дополнителна градежна механизација во Могила и Новаци со цел да се санираат последиците од поплавите и зајакнат насипите затоа што се очекува ново надоаѓање на водите од реката Црна.

На средбата со новинарите во Битола, раководителот на Дирекцијата за заштита и спасување-одделение во Битола, Димче Јошевски, соопшти дека во општина Новаци донесени се нови 15 пумпи за испумпување на водата во дворовите на најпоплавените куќи.

-Утрово почнавме и посебна акција, транспортирање на работници на ЕВН со чамец во атарот на селото Егри за да може да се поправи една трафостаница и продолжи снабдувањето со електрична енергија. Според првичните проценки, длабочината на водата кај селото Егри е околу 2,5 метри, посочи Јошевски.

Стручни тимови на ЈЗУ Центар за јавно здравје-Битола продолжуваат со континуирани активности на терен, на повеќе населени места се врши хиперхлорирање на водата за пиење, а забраната да не се користи вода од индивидуални водоводи и бунари и понатаму е на сила.

– Неизвесноста продолжува, но ние остануваме на терен и ќе интервенираме со сите расположливи сили, истакна битолскиот градоначалник Владимир Талески по седницата на пелагонискиот Кризен штаб што се одржа претпладнево во Битола.

Би можело да ве интересира

Источниот регион повторно под вода: Поплави во Чешиново–Облешево

Горан Наумовски

УХМР: „Жолто ниво на предупредување“ од поплави: Голема е опасноста од излевање на реките

Црвена тревога е прогласена за неколку региони во Грција

Рекордно зголемени водостоите кај Треска и Сатеска

Предраг Петровиќ

Најмалку девет лица загинаа во поплавите во Виетнам

(ВИДЕО) Катастрофални поплави во Шпанија: Пороите носат сè пред себе, луѓе се заробени во автомобили