Дополнителен рок за пријавување за субвенциониран студентски оброк од денеска до 16 ноември

Од:

За студентите кои го испуштија рокот за пријавување за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк (од 1 до 5 ноември), Министерството за образование и наука овозможува дополнителен рок за пријавување – од денеска до 16 ноември 2025.

МОН објави дека кандидатите треба да се пријават електронски на линкот https://e-uslugi.mon.gov.mk/ и при пријавувањето да ги пополнат обрасците Пријава за стекнување со право на субвенциониран студентски оброк и Изјава за точност на внесените податоци во пријавата за стекнување со право на субвенциониран студентски оброк кои потпишани ќе ги прикачат кон електронската апликација.

-Сите студенти кои го оствариле правото на студентски оброк ќе почнат да ги примаат средствата во месецот што следува по завршувањето на месецот во кој се пријавиле за правото на студентски оброк. За сите прашања поврзани со пријавувањето на корисниците за субвенциониран студентски оброк, Министерството за образование и наука обезбеди поддршка преку Секторот за ученички и студентски стандард, на контактот [email protected], се наведува во објавата на МОН.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) СДСМ: Власта ги излажа студентите, не го зголеми студентскиот оброк на 160 денари

А1он

Нема евиденција дали 140 денари за оброк завршиле кај студентите, МОН исплаќал пари без утврдени легла во домовите, покажа ревизијата

A1on

Парите за субвенционираниот оброк студентите ќе ги добиваат неделно

Петрушевска: ВМРО-ДПМНЕ ги поддржува студентските барања за измена и дополнување на Законот за студентски оброк

МОН: Студентите да ги подигнат наменските платежни картички за субвенциониран студентски оброк

Повик за субвенциониран студентски оброк за 2023/2024 година, дневниот износ 140 денари