Донирана противпожарна опрема за ТТПЕ во Тетово од операторот ОНЕ

Од:

Телекомуникацискиот оператор ОНЕ денеска во Тетово на Територијалната противпожарна единица и донираше противпожарна опрема, опрема за спасување од елементарни непогоди, сообраќајки и слично од делокругот на нивната работа.

Донацијата се состои од една лифт столица за транспорт по скали, две ултра тенки транспортни даски за лица со повреди на кичмата, по три имобилизатори на главата и на нозете што се монтираат на транспортните даски, десет комплети за реанимација и десет огноотпорни ќебиња.

Според командирот на ТТПЕ Ука Алити донацијата од ОНЕ има многу голема вредност и ќе придонесе за подобрување на условите за интервенции на единицата.

– Најголем дел од оваа опрема ќе се користи при извлекување на жртви при пожари во затворени простории како што се ќебињата или носилката што е прилагодена и за транспорт на повредените по скали, рече Алити.

Градоначалничката на општина Тетово посочи дека тетовските пожарникари се приоритет за локалната власт за оваа година со нивно потребно доекипирање и опремување.

Таа се заблагодари на донацијата од ОНЕ како уште еден показател за општествена одговорност на компанијата.

– Покрај општина Тетово ТТПЕ со своите услуги ги покрива и околните општини и затоа оваа донација од ОНЕ е добредојдена особено во овој летен период кога и можноста од пожари е поголема, изјави Арифи.

Донацијата ја предаде главниот извршен директор на ОНЕ Цирил Кафол, кој нагласи дека ова е прва донација за Тетово, но сигурно е една од позначајните. Тој изрази надеж дека пожарникарите ќе немаат многу работа, но доколку имаат таква потреба опремата ќе придонесе за нивна и безбедност на граѓаните.

Би можело да ве интересира

ОНЕ демантира дека програмата на Алсат М била исклучена од ЗУЛУ

Ана Ололовска

ОНЕ и Каролина ја продолжија врската

Емир Латифовиќ

ОНЕ со нова постпејд понуда за пензионери

Емир Латифовиќ

Оне со нова промоција: „За твоите 100 добиваш 300 денари кредит“

Емир Латифовиќ

ТВ програмите само на дигитален сигнал

Ана Ололовска

ТВ програмите од утре само на дигитален сигнал

Ана Ололовска