Донирана помош за семејство од Куманово

Од:

Црвениот Крст Куманово и хуманитарното здружение „Крепост“ од Куманово, денеска донираа прехрамбени производи и хигиенски средства за семејството Маринковски од Куманово кое живее во супстандардни услови.

Од кумановскиот Црвен Крст велат дека досега во организацијата, семејството не било регистрирано и дека отсега ќе биде регистрирано и ќе добива помош.

– Во наредниот период ќе продолжи нашата соработка со ова семејство и ќе донирме неопходна помош, изјави Филип Кузмановски од Црвен Крст Куманово.

Семејството Маринковски живее во близина на Ургентниот центар во Куманово. Зоран Маринковски е единствениот вработен од семејството во ЈП „Чистота и Зеленило“ и тој денеска се заблагодари на помошта, но, истакна дека со платата не успева да ги покрие егзистенцијалните потреби на семејството, делумно и поради здравствената состојба. Неговата сопруга и трите деца се со посебни потреби, а синот е ученик во основното училиште “Толи Зордумис“.

Би можело да ве интересира

84-годишен кумановец е осомничен за убиство на 61-годишна жена

Четиригодишно дете во Куманово се затру откако испи повеќе таблети

Горан Наумовски

Две жени се нападнати од нивните сопрузи во кумановско

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски

Кандидатката за градоначалник на Куманово од „Искуство за успех“ вети три клучни проекти за развој на Куманово

Стоиљковиќ: „Братска листа“ во Куманово ја сочинуваат луѓе со интегритет, познати лица и професионалци