Донесени законите што се усогласуваа со Законот за прекршоци

Од:

Собранието на Република Македонија попладнево го одржа продолжението на 62. седница во рамките на која беа донесени закони по скратена постапка од неколку области со кои се врши усогласување со Законот за прекршоци.

Изгласани беа измените и дополнувањата на 18 закони и тоа за забрана и спречување на вршење на нерегистрирана дејност, за волонтерство, за исплата на платите во Република Македонија, за заштита од вознемирување на работно место, за европски работнички совет, за пензиското и инвалидското осигурување, за исплата на пензии и пензиски надоместоци од капитално финансирано пензиско осигурување и други, сите по скратена постапка.

Во измените и дополнувањата на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, како што објасни министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, освен што се врши усогласување со Законот за прекршоци, се содржат одредби за признавање на стажот на индивидуалните земјоделци според Законот за осигурување на земјоделците што важеше од 1978 година до 1988 година.

– Со стапување на сила на овие измени од почетокот на 2016 година индивидуалните земјоделци кои што не исполнуваа услови за старосна пензија а имаат одредени години поминато во осигурување според Законот за старосно осигурување на земјоделците од 1978 до 1988 година, ќе им бидат земени предвид и овие години и ќе можат да го исполнат условот од 15 години за стекнување на старосна пензија, рече министерот Спасов пред пратениците.

Очекувањата се дека неколку стотици индивидуални земјоделци да го искористат ова право, со кое, според Спасов се исправа една голема неправда.

Законите донесени на денешното продолжение се од областа на трудот и социјалната политика, правда и внатрешни работи.

Би можело да ве интересира

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги