Донесени измените за Законот за државни службеници

Од:

Собранието на Република Македонија денеска, во рамки на продолжението на 12. седница, по скратена постапка го донесе Законот за измени и дополнувања на Законот за државни службеници.

Со измените се предвидува именување генерални секретари во државните комисии за жалби по јавни набавки и за одлучување во втор степен при инспекциски надзор и прекршочна постапка.

Како што образложи заменик министерот за информатичко општество и јавна администрација Марта Арсовска Томовска, измените се носат и заради усогласување на овој со Законот за работни односи.

Предвидено е, по барање на вработените, пензионирањето да се пролонгира три години, наместо на 62 за жени и 64 за мажи, на 65 и 67 години.

Пратеничките од опозицијата забележаа дека ваквите измени се злоупотребуваат, особено од државните службеници и јавната администрација. Роза Топузовска-Каревска го повика Собранието да побара анализи од Фондот за пензиско осигурување колку од оние што требале да се пензионираат го искористиле правото за пролонгирање и останале на работното место.

На тоа реплицираше Лилјана Поповска од ДОМ со апел институциите да им одобрат на сите жени што побарале да работат до 65 години зашто тоа, рече, е согласно законот.

Во однос на именувањето генерални секретари, Нада Ципушева нагласи дека тоа е еден од столбовите за законитост и контрола на јавните набавки и јавното-приватно партнерство.

Законот за државни службеници е донесен во 2000 година и оттогаш е изменуван и дополнуван неколку пати. Ќе важи до февруари 2015 година кога наместо него ќе биде донесен нов закон за административни службеници.

Собранието по скратена постапка ги донесе и измените и дополнувањата на Законот за јавните службеници.

Би можело да ве интересира

Стоименов од АПИС: Предлог законот за игри на среќа содржи уставно спорни и дискриминаторски одредби

Предраг Петровиќ

Собранието ја констатира оставката на вицепремиерот Арбен Фетаи

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители