Донесени измените на Законот за пратеници

Од:

Собранието на Република Македонија денеска во рамки на осмата седница ги донесе измените на Законот за пратеници, поднесен од Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ и Талат Џафери од ДУИ.

Со нив се предлага усогласување со Законот за плати и други надоместоци за избрани и именувани лица во кој е воведен критериум за исплаќање плата по завршување на функцијата, познат како апанажа.

Согласно овој закон, доколку некој бил на функција до шест месеци, има право на апанажа од три месеци, а доколку извршувал јавна функција од шест до 12 месеци, тогаш има право на анапажа во рок од шест месеци. Ако пак лицето извршувало јавна функција од 12 до 24 месеци, тогаш ќе му се исплаќа апанажа во рок од девет месеци, а доколку бил на фукција над две години ќе има право на апанажа во рок од една година.

– Времето и мотивот не се случаени. Имено, Собранието се соочува со ситуација каде пратеничките места на опозицијата се празни. Сметавме дека е неправедно и нечесно пратеници кои немаат ниту еден работен ден, да имаат право на апанажа една година затоа што се ставаат во нееднаква положба пратениците кои ги извршуваат своите обврски, а другите не го прават тоа, појасни Николоски.

Тој изрази надеж дека политичкиот дијалог ќе вроди со плод и оти опозцијата ќе ги послуша апелите на гласачите и на меѓународната заедница.

На денешната седница беа прифатени во прво читање и измените на Законот за здравствено осигурување и на Законот за земање и пресадување на делови од човечко тело заради лекување.

Со измените на Законот за здравствено осигурување се предлага донорите на органи и ткива да бидат ослободени од плаќање на партиципација за користење на здравствени услуги, а со измените на Законот за земање и пресадување на делови од човечко тело заради лекување се предвидува семејството на кадаверот да биде ослободено од трошоците за погребални услуги. Трошоците од двата закона ќе бидат на товар на Министерството за здравство.

Двата закона добија поддршка од пратениците бидејќи според нив се работи за хумани закони со кои ќе им се излезе во пресрет на донорите и ќе се стимулира кадаверичната трансплантација.

Во рамки на осмата седница беше прифатен во прво читање и Предлог-законот за прекршоци.

Би можело да ве интересира

Милошоски, Митрески и Бендевска избрани за потпретседатели на Собранието

Горан Наумовски

Милошоски, Митревски и Бендевска кандидати за потпретседатели на Собранието

Горан Наумовски

Собранието со 88 гласа „за“ и 22 „против“ ги донесе измените на Законот за државна управа

Јанчев од Левица: Носење на системски закон по скратена постапка е надвор од памет

Предраг Петровиќ

Предлог законот за реорганизација на министерствата ќе оди по скратена постапка, веќе денеска пред матичната комисија

Катерина Ѓуровски

Верификувани мандатите на пратениците Аднан Азизи и Имрлије Салиу-Фетаи од „Вреди“