Дончев: Клиничкиот центар ќе го направиме функционален, без натамошни изживувања на перачите на пари

Од:

Носителот на кандидатската листа за Изборната единица 1 Ден Дончев на Коалицијата ВМРО за Македонија по средбата со граѓаните на Дебар Маало, со мобилниот тим за комуникација во петокот разговараше со граѓаните и пред Клиничкиот центар Мајка Тереза и пред Гратскиот трговски центар.

„Нашата цел е да се врати функционалноста на Клиничкиот центар“, истакна Дончев на средбата пред Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, „без натамошни изживувања врз пациените од страна на перачите на пари“.

Од втори јануари 2014 најавениот почетокот на градежните активности за изградба на новиот клинички центар остана само тоа – најава, смета Дончев.

„Владата на семејната ДПМНЕ на Груевски тогаш објави дека ќе бидат инвестирани 70 милиони евра. Наместо завршеток на изградбата, планирана за три години, на 21-ви октомври годинава е распишан тендер за изградба на новиот клинички центар ‘Мајка Тереза’. Градежните активности е планирано да започнат на почетокот на 2017 година – нови лопати, нови сликања и нови ветувања“, додаде Дончев.

Заклучи дека тоа се ветувања во недоглед насекаде, па и овде, „каде што сметката е најстранка, затоа што пациентите се средство во рацете на корумпираната власт“.

Би можело да ве интересира

Аргентинската опозициска партија победи на изборите во Буенос Аирес

Шест кандидати на AfD починаа пред германските избори

Предвремени избори за претседател на Република Српска на 23 ноември

Горан Наумовски

Кандидатите на претстојните локални избори ќе можат да се рекламираат на 329 медиуми во државата

На овие избори во најголемиот дел работите ќе се решат уште во првиот круг, вели Мицкоски

Горан Наумовски

Демократска партија на Турците на Македонија на локалните избори ќе настапи самостојно