Иницијативата „Солис-социјална иновација“ денеска во кафе „Кино Карпош“ организира донаторска акција „Отвори го срцето, подари детство“.
Акцијата што ќе почне на пладне и ќе трае до полноќ има за цел собирање обувки, облека, школски прибор, спортски реквизити и хигиенски средства за децата од домовите за деца без родители и заводи за згрижување и воспитување на деца и младинци.
Ова е трета од серијата акции на „Солис-социјална иновација“.