Донација во воена опрема од Турција за АРМ

Од:

Македонската армија денеска ќе добие воена опрема во вредност од 700 илјади долари, донација од Република Турција.

Опремата се состои од седум нови возила од типот „лендровер“ и едно ново возило „кобра“ и е наменета за опремување на единиците на Армијата на Република Македонија.

На примопредавањето на опремата е најавено присуство на министерот за одбрана Фатмир Бесими,  началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-мајор Горанчо Котески, заменик-министерот за одбрана, Емил Димитриев, амбасадорот на Република Турција во  Македонија, Ѓурол Сокменсуер, военото аташе на Република Турција, полковник Осман Нури Јилдирим и други гости.

Би можело да ве интересира

Потврдена e шуга кај двајца војници на обука во касарната во Велес

Горан Наумовски

Сиљановска-Давкова: Армијата е современа и усогласена со стандардите на НАТО

Синдикатот пријави 14 припадници на Армијата за злосториничко здружување и за злоупотреба на службена положба

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата

Мицкоски: Армијата денес е симбол на новото време

СДСМ: Сите припадници на АРМ се нашите херои во униформа

Горан Наумовски