Донација од Оне.Вип за настраданите подрачја

Од:

Компанијата Оне.Вип се вклучи во помош на настраданите подрачја и денеска на Фондот за солидарност на Црвениот крст на РМ префрли 1.000.000 денари.

Компанијата соопштува дека од утре со цел да им овоможи непречена комуникација на припејд корисниците во погодените области кои не се во можност да ги надополнат своите сметки, ќе обезбеди дополнителен бесплатен сообраќај на своите корисници за што ќе добијат известување преку СМС порака.

Од страна на вработените на Оне.Вип собрани се и големи количини на храна, хигиенски материјали, свеќи, чизми, ракавици наменети за кризните подрачја. Колеги на доброволна основа ќе се вклучат и во расчистување и санирање на штетите за која цел ќе бидат ослободени од работа.

Корисниците на Оне.Вип во Република Македонија може да донираат по 100 МКД повик на бројот за донација на Црвен крст (075/077) 143 400.

Услугите на Оне.Вип се достапни. Стручните екипи во зголемен број се на терен и интервенираат при сите проблеми и прекини настанати како последица од невремето.

Би можело да ве интересира

Невидена бура ја погоди Далмација, улиците под вода, жителите во очај: „Никогаш не сум видел нешто вакво“

(ВИДЕО) Најмалку 35 лица загинаа во невреме, 400 се повредени

Европа на удар на бури, прекин на летови, возови и фериботови

Горан Наумовски

Снежно невреме во Романија, над 11.000 домаќинства останаа без струја

А1он

Променливо облачно со претпладневен локален дожд

Поради невремето во Скопје на 112 повеќе пријави за паднати дрвја, скинати кабли на ЕВН и оштетување на приватна сопственост