Донација на опрема за МВР и за Царинската управа

Од:

Донација на опрема од Американската амбасада во Македонија денеска ќе добие Пограничната полиција на Министерството за внатрешни работи и Царинската управа. Опремата, вредна 142 илјади долари, е обезбедена преку Програмата за контрола на извозот и гранична безбедност (EXBS).

Опремата содржи далекусежни двогледи, апарати за инспекција, пејџери за откривање на радијација, компјутери и опрема за симултан превод.

На предавањето на донацијата ќе присуствуваат министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и амбасадорот на САД во Македонија Пол Волерс.

Оваа донација ќе помогне во зајакнувањето на способноста на македонската Гранична полиција и на Царинската управа за вршење на професионална гранична контрола и за изведување активности на граничните премини. Донацијата ќе ја подобри способноста на двете гранични агенции да вршат надзор на границите, патроли и операции на пресретнување, како и да се борат со прекуграничен криминал и тероризам, да откриваат радијација, да идентификуваат оружје за масовно уништување и сличен материјал и да вршат примарни и секундарни инспекции на граничните премини.

На настанот ќе бидат изложени и некои примероци од донираната опрема.

Би можело да ве интересира

Унгарец на „Табановце“ се обиде да внесе непријавени 200.000 евра

А1он

ДУИ: Дали возилото на заменик-директорот на Царина беше веднаш зад возилото на уапсениот за примање поткуп од 17.500 евра?

А1он

Се бара притвор за приведениот помошник директор во Царинска управа, осомничен дека примил поткуп од 17.500 евра

ДУИ: 17.500 евра не можат да завршат кај заменик-директорот – да се истражи целиот синџир до Даути, Касами и Меџити

МВР потврди: Помошник директорот во сектор-администрација во Царина е приведен со обележани 17.500 евра

А1он

Уапсен помошник директор во Царина – бараше мито од над 15.000 евра

А1он