Донација на кревети од Швајцарија за болницата во Кичево

Од:

Кичевската болница се доопреми со триесет клинички кревети, кои дојдоа како донација од болница од Швајцарија и ќе ги заменат старите кревети. Со иницијатива на доктор Урим Ибраими, кој привремено работи во една болница во Швајцарија од каде се донесени овие кревети, тие вчера беа донесени во Кичево.

„Идејата за една ваква акција ми се роди минатото лето, кога имав можност да дојдам во болницата во Кичево и ги видов условите. Кога се вратив во Швајцарија добив согласност и од директорот на болницата во која работам во моментов и решивме да помогнеме толку колку што можеме“, рече Ибраими.

Вработените во кичевската болница ја поздравија оваа акција на Ибраими.

„Денеска имавме можност да добиеме една многу важна донација од Швајцарија – кревети што ќе служат во интеристичкото одделение. Оваа донација е дело на наш сонародник, кој привремено работи таму, и веруваме дека на болните лица што ќе бидат на ова одделние ќе им се олесни барем малку престојот овде“, рече Осман Сејдини, началник на одделението за интерни болести.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во сообраќајна несреќа во Кичево

Момче со автомобил удри во полицаец, повредениот заврши во болница

Земјотрес во Албанија почувствуван во Охрид и во Кичево

Катерина Ѓуровски

Уапсена мајка од Кичево која ја запуштила својата малолетна ќерка

Во Кичево и Струмица надминат прагот на аерозагадување

Катерина Ѓуровски

Кичевец е осомничен за убиство

Горан Наумовски