Основниот суд Скопје 1 им ја замени мерката притвор со домашен притвор на претседателот на Советот на општина Центар Мирослав Шиповиќ заедно со уште четворица обвинети во судскиот процес „Претседавач“.
Според образложението на судот, оваа мерка е донесена бидејќи обвинетите не се осудувани и не се води друга судска постапка против нив.
Обвинетите во текот на самата постапка покажале примерно однесување.
Шиповиќ беше приведен во октомври минатата година и беше екстрадиран од Виена во Македонија.