ДОМ и зелените партии на Европа ги повикуваат сите во борба за зачувување на нашиот заеднички дом – ПЛАНЕТАТА ЗЕМЈА

Од:

Вечерта спроти светскиот ден на планетата земја на 21 Април во 21:00, зелените партии од цела Европа, од Белгија до Полска, од Македонија до Обединетото Кралство проектираа порака за борба против климатските промени на значајни објекти во европските главни градови.

ДОМ ја проектираше оваа порака сношти во ГТЦ во Скопје, каде во живо од настанот се обрати пратеничката Маја Морачанин која истакна дека климатските промени се најголемата закана за опстанокот на човештвото и планетата. Таа се осврна на заложбите и идните напори кои треба да ги направи Македонија како една од сто седумдесет и петте земји потписнички на парискиот климатски договор со кој нашата земја се обврза да се вклучи во борбата против глобалното затоплување.

Намалување на емисијата на стакленички гасови за 40% до 2030 година и намалување на затоплувањето под 2 ° С се цел на овој договор. Овие цели може да се реализираат со напуштање на употребата на фосилни горива, употреба на обновливи извори на енергија, енергетска ефикасност и премин од линеарна кон циркуларна зелена економија со нула отпад.

Циркуларната зелена економија се темели на три принципи: редукција, рециклирање и повторна употреба. Ваквиот модел овозможува економски раст, социјална правда и заштита на животната средина.

Денес на светскиот ден на ПЛАНЕТАТА ЗЕМЈА да се потсетиме дека помошта нема да дојде однадвор за да не спаси од самите нас. Треба да делуваме СЕГА, за да ја зачуваме единствената планета на која постои живот која е нашиот заеднички дом, соопштуваат од ДОМ.

Би можело да ве интересира

ДОМ: Се противиме на промени во урбанистичкото планирање на брза рака

ДОМ: Интеграција наместо сегрегација

Вонреден конгрес на ДОМ – до локалните избори партијата ќе има в.д. раководство

Претседателката на ДОМ поднесе оставка

Горан Наумовски

ДОМ поддржува влез на ВМРО-ДПМНЕ во Владата, за продолжување на евроинтеграциските процеси

ДОМ со условена поддршка за Владата

Катерина Ѓуровски