ДОМ бара итна заштита на ахтохтоните дрвја од палмизација на Македонија! Неприфатливо е да се сечат 50 годишни дрвја покрај Охридското Езеро, за да не им „пречат“ на новозасадените палми.
-Охридското Езеро не е море, нашата клима не е медитетранска туку континентална на која успеваат дрвја со богата лисна маса што дава сенка, влага и кислород, а и најразвиена палма не може да го замени она количество кислород што го има едно лиснато листопадно дрво во Македонија, десет годишно или педесет годишно, ниту да ја даде таа влага, ниту да ја даде таа сенка што ни треба во нашата сончева земја,реагираат од ДОМ.
Како што укажа Лилјана Поповска преку пратеничко прашање палмите се насадени во близина на стари дрвја и постои опасност тие да бидат исечени. Таа невозможна претпоставка станува реалност!
ДОМ потсетува дека преку пратеничката Лилјана Поповска вторпат го поднесе Законот за урбано зеленило со кој се предвидува заштита на зеленилото и на целиот биодиверзитет. Законот е ставен на седница на 22 јуни 2015 година и апелираме до надлежните до неговото донесување да запре сечата на територијата на целата држава, велат од ДОМ.