ДОМ: Заштита на институциите – не смее Ќосето да дели правда

Од:

„ДОМ најостро го осудува насилството во Собранието, во кое беа тешко повредени стотина луѓе, а целата нација доживеа тешка траума. Бевме сведоци на трагично нефункционирање на институциите, посебно на полицијата, поради што беше овозможен брутален линч над пратениците, со обиди за убиство. Бараме итна одговорност и казна за сите организатори и спроведувачи на насилниот напад во Собранието.

Сите заедно мора да обезбедиме заштита и нормално и професионално функционирање на институциите, кои се единствен гарант за спроведување на демократски правен поредок. Не смееме да дозволиме Ќосето да дели правда, по приватни наредби и нарачки! Само насилството може да ја распадне Македонија!

Упатуваме повик до сите граѓани да покажат висока граѓанска свест, одговорност и патриотизам и да поддржат мирен трансфер на власта, според изборните резултати. Само мирна и демократска разврска на кризата може да обезбеди мир и стабилност на Република Македонија, како и напредок на граѓаните и државата. Само граѓаните можат повторно да воспостават меѓу себе доверба и пријателство, надминувајќи ги партиските поделби и не дозволувајќи да бидат злоупотребени“ се вели во соопштението на ДОМ.

Би можело да ве интересира

ДОМ: Ние сме за зелена Македонија, а не за рудници кои се штетни за сите

Горан Наумовски

ДОМ: Ни претстои сериозна борба против корупцијата пред сите млади да си заминат!

ДОМ: Револт и неверување – пратениците покажаа отсуство на хуманост и емпатија за цивилите во Газа!

А1он

ДОМ за нападот врз Арсовска: Насилството и дивоградбите не смеат да ја урнат демократијата

ДОМ: Градоначалникот на Крива Паланка да поднесе кривична пријава до обвинителство за кривично дело екоцид

ДОМ: Се противиме на промени во урбанистичкото планирање на брза рака