ДОМ: Задржувањето на сите вработени, да остане услов за субвенционирана минимална плата

Од:

Зелената партија ДОМ апелира до Министерството за финансии да ја преиспита измената на условот за користење на мерката субвенционирана минимална плата од 14.500 по вработен.

„Со предложените измени, на фирмите корисници на државна финансиска помош ќе им биде дозволено да отпуштат дел од вработените. Микро и малите фирми ќе можат да го намалат бројот на своите вработени до 15 отсто, средните до 10 отсто, додека големите компании до 5 отсто“, стои во соопштението.

ДОМ смета дека обврската за фирмите корисници на мерката, да го задржат истиот број вработени, треба да остане, за да се зачуваат работните места на вработените во приватниот сектор.

ДОМ го поздравува предлогот, искористените средства преку оваа мерка, да се трансформираат во неповратни средства. Оваа дополнителна финансиска поддршка ќе им помогне на компаниите поефикасно да се справат со последиците од корона кризата.

Би можело да ве интересира

Левица: Растот на платите постои во табелите на ДПМНЕ, а не во паричниците на мнозинството работници

ДОМ: Самоуништување на природата – Дошница жртва на владината неодговорност

ДОМ: Ние нема да дозволиме демократијата да се замени со партиски калкулации, ниту волјата на граѓаните со „повереници“

Горан Наумовски

ДОМ: Ние сме за зелена Македонија, а не за рудници кои се штетни за сите

Горан Наумовски

Протестираат вработените во „Флораком“ и „Луна“, си ги бараат заостанатите плати

Вработените од Флораком и Луна ја блокираа „Илинденска“, си ги бараат неисплатените плати