ДОМ задоволни од резултатите на изборите

Од:

Од ДОМ ги оценуваат изборите како мирни и демократски и изразуваат големо задоволство од бројот на добиени гласови на локалните избори 2013, кој изнесува 25.000.

Им благодариме на граѓаните кои покажаа дека им значи зелената опција и мирољубивиот пристап. Ова е историска бројка за зелените во Македонија која охрабрува и задолжува. Отсега натаму ќе одиме со самостојни зелени листи на локални избори, рече Лилјана Поповска лидер на партијата денеска на прес-конференција.

Според неа, изненади големиот одѕив кој го крена цензусот за влез на советници. Таа додаде дека се уште не знаат колку нивни советници влегоа во советите на општините.

Со сигурност знаеме дека се избрани за Град Скопје Денко Скаловски и Роберт Наумоски во Ѓорче Петров и други од Македонија. Нашите избрани советници ќе бидат дежурната еко патрола, рече Поповска.

Таа потенцира дека изненадил и големиот број неважечки ливчиња, особено во Скопје, околу 6 отсто и најави дека ќе поднесат приговори на повеќе места каде имаат индикации дека дел од неважечките ливчиња се однесувале на ДОМ.

Би можело да ве интересира

ДОМ поддржува влез на ВМРО-ДПМНЕ во Владата, за продолжување на евроинтеграциските процеси

ДОМ со условена поддршка за Владата

Катерина Ѓуровски

Маја Морачанин повторно избрана за претседателка на ДОМ

Ана Ололовска

„Никој не не прашува ништо“ – Студентите гневни на мерките за штедење, државата бара од нив да имаат разбирање

Орце Костов

ДОМ не го поддржува францускиот предлог

Малите коалициски партии не му даваат поддршка на Ковачевски – И тие не го виделе протоколот

Орце Костов