ДОМ за заштита од генетско-модифицирани организми

Од:

Демократската обнова за Македонија (ДОМ) предлага да се укине Правилникот за сточна храна што неодамна го донесе Агенцијата за храна и ветеринарство, зашто смета дека со него од 1 октомври ќе се зголеми увозот на генетски модифицирани организми во Македонија.

– ДОМ предлага сторнирање на Правилникот за да може да се преиспитаат сите елементи што тој ги содржи. Формално-правно, Правилникот е базиран врз Законот за генетски модифицирани организми, кој исто така бара сериозно и стручно препрочитување и редефинирање во повеќе поглавја. Донесен е како обврска да се усогласиме со меѓународните конвенции и со ЕУ-регулативата, кои и самите се нејасни, а во делови и контрадикторни. ГМО е нова тема во земјава, а во светот се водат жестоки дебати за и против ГМО во последниве две децении, рече претседателката на ДОМ Лилјана Поповска.

Партијата посочува дека во светски размери постои силно движење против употреба на ГМО и дека отпорот за нивна примена е во тоа што тие организми се вештачки создадени, брзо и масовно се репродуцираат, не можат де се контролираат, го уништуваат постоечкиот биодиверзитет, а последиците кај луѓето и животните може да се согледаат на подолг рок.

– Простор за загриженост има и затоа ДОМ ја продолжува кампањата за заштита на Македонија од ГМО, што ја започна во јуни и ја повикува стручната јавност и граѓаните да се вклучат во серијата јавни дебати што ги иницира, соопшти Демократската обнова за Македонија и најави дека следната дебата ќе ја одржи на 24 септември во КО-РА (Дом на градежните работници) од 11 часот.

Би можело да ве интересира

Претседателката на ДОМ поднесе оставка

Горан Наумовски

ДОМ поддржува влез на ВМРО-ДПМНЕ во Владата, за продолжување на евроинтеграциските процеси

ДОМ со условена поддршка за Владата

Катерина Ѓуровски

Маја Морачанин повторно избрана за претседателка на ДОМ

Ана Ололовска

„Никој не не прашува ништо“ – Студентите гневни на мерките за штедење, државата бара од нив да имаат разбирање

Орце Костов

ДОМ не го поддржува францускиот предлог