ДОМ за законот за зеленило: Му се дава предност на бизнисот пред здравјето

Од:

„ДОМ изразува големо разочарување што Парламентот по вторпат во две години го одби Законот за урбано зеленило, поднесен од пратеничката Лилјана Поповска. Законот треба да обезбеди заштита на секое дрво со пречник од 40 цм, 25 м2 зеленило по жител во градовите и 10-30% зеленило на градежна парцела.

Разочарува односот на пратениците, кои, одбивајќи го законот, му даваат предност на бизнисот на малкумина, пред здравјето на сите граѓани. Тоа значи дека и понатаму ќе продолжи злоупотребата на зелените површини и нивно претворање во бетон.

Ако, пак, проблемот е во тоа КОЈ го поднесол законот, ги повикуваме колегите од владиното мнозинство ТИЕ да го поднесат. Ќе ја имаат поддршката и од нас и од секој граѓанин кој сака квалитетен живот“, се вели во писменото соопштение на ДОМ.

Би можело да ве интересира

ДОМ: Самоуништување на природата – Дошница жртва на владината неодговорност

ДОМ: Ние нема да дозволиме демократијата да се замени со партиски калкулации, ниту волјата на граѓаните со „повереници“

Горан Наумовски

ДОМ: Ние сме за зелена Македонија, а не за рудници кои се штетни за сите

Горан Наумовски

ДОМ: Ни претстои сериозна борба против корупцијата пред сите млади да си заминат!

ДОМ: Револт и неверување – пратениците покажаа отсуство на хуманост и емпатија за цивилите во Газа!

А1он

ДОМ за нападот врз Арсовска: Насилството и дивоградбите не смеат да ја урнат демократијата