ДОМ: За успешно имплементирање на договорот потребно вклучување и на други партии

Од:

ДОМ го поздрави договорот за разрешување на политичката криза во Македонија, но смета дека за негова успешна имплементација е потребна транспарентност и вклучување на повеќе партии, невладини организации и пошироката демократска јавност.

Партијата смета дека доколку се остави за суштинските прашања во земјата да одлучуваат само два пати по две партии, ќе се даде легитимитет на бипартиски и бинационален принцип, кој е и дел од причините за кризата, што, како што посочуваат, ќе предизвика уште поголема поделеност на македонското општество.

Затоа ДОМ упатува осум барања, меѓу кои и вклучување партии заради промена на изборниот модел во една изборна единица со отворени листи, потоа, како што посочи на прес-конференцијата претседателката на партијата Лилјана Поповска, итно сопирање на неовластеното прислушкување и секој вид политички притисок, итна ревизија на сите судски процеси за кои има индиции дека биле монтирани преку судии и обвинители кои работеле по политички диктат или од криминални мотиви, да се испита содржината на т.н. бомби, да се донесе закон за зеленило, како и да се овозможи пристап до медиумите за сите политички и неполитички субјекти, кои покренуваат теми што ги засегаат граѓаните.

Би можело да ве интересира

ДОМ: Самоуништување на природата – Дошница жртва на владината неодговорност

ДОМ: Ние нема да дозволиме демократијата да се замени со партиски калкулации, ниту волјата на граѓаните со „повереници“

Горан Наумовски

ДОМ: Ние сме за зелена Македонија, а не за рудници кои се штетни за сите

Горан Наумовски

ДОМ: Ни претстои сериозна борба против корупцијата пред сите млади да си заминат!

ДОМ: Револт и неверување – пратениците покажаа отсуство на хуманост и емпатија за цивилите во Газа!

А1он

ДОМ за нападот врз Арсовска: Насилството и дивоградбите не смеат да ја урнат демократијата