ДОМ смета дека сега е време да се воспостави парламентарна соработка помеѓу Р.Македонија и Грција , преку формирање парламентарни групи за пријателство во двата парламента. Парламентарната дипломатија може да биде следна мерка за доверба помеѓу двете земји, за што пратениците можат на порелаксиран начин да ги пренесат желбите на своите граѓани за напредок и развој на двете земј и регионот во целост.
Како Зелена партија чиј идеал е обединета Eвропа, ДОМ го поздравува продлабучувањето на мерките за доверба помеѓу Р.Македонија и Грција, како преоdна фаза кон воспоставување трајни добрососедски односи и соработка во духот на европските вредности, соопштуваат од партијата.