ДОМ: Владата да им ги одземе ингеренциите на Охрид и Струга

Од:

Зелената партија ДОМ бара Владата да им ги одземе ингеренциите на општините Охрид и Струга и да го превземе отстранувањето на дивоградбите. Од партијата велат дека така ќе обезбеди реализирање на посветеноста за зачувување на исклучителната универзална вредност на Охридскиот регион, заштитен од УНЕСКО.

„По реакциите од граѓаните за нови нелегални градби на охридското крајбрежје, бараме локалниот и државниот инспекторат за градежништво и за животна средина веднаш да извршат инспекциски надзор и записникот од истиот да го споделат со јавноста, а Јавното обвинителство да отвори постапка по допрен глас.

Граѓаните алармираат дека и по превземената акција за уривање на нелегално изградениот ѕид веднаш до езерото во Градиште, тој повторно незаконски се гради. Фотографиите споделени на социјалните мрежи укажуваат дека никнува нова дивоградба на крајбрежјето и се сечат дрва, во пределот на Св. Стефан, велат од ДОМ.

Би можело да ве интересира

Европската зелена партија со силна поддршка за ДОМ: Чист воздух и безбедно управување со отпадот се итна потреба за граѓаните

ДОМ: Самоуништување на природата – Дошница жртва на владината неодговорност

ДОМ: Ние нема да дозволиме демократијата да се замени со партиски калкулации, ниту волјата на граѓаните со „повереници“

Горан Наумовски

ДОМ: Ние сме за зелена Македонија, а не за рудници кои се штетни за сите

Горан Наумовски

ДОМ: Ни претстои сериозна борба против корупцијата пред сите млади да си заминат!

ДОМ: Револт и неверување – пратениците покажаа отсуство на хуманост и емпатија за цивилите во Газа!

А1он