ДОМ: Веднаш да започне отстранувањето на дивоградбите во Охридскиот регион!

Од:

„ДОМ остро го осудува самоволието и продолжувањето на градежни активности на нелегалниот објект на кој при интервенцијата на општинската градежна инспекција беа уапсени градежни работници. Бараме од локалните власти да се санкционираат прекршителите на законите и мораториумот за градба изгласан од Советите на општините Охрид и Струга и веднаш да се започне со најавената акција за отстранување на нелегалните градби.

Граѓаните со нетрпение очекуваат да се спроведат препораките на УНЕСКО и да се обезбеди зачувување на нашето единствено светско природно и културно наследство. За крајот на овој месец, веќе е најавена и мисија на експерти на УНЕСКО.

Дрското непочитување на законите од страна на поединци фрла сенка на сите претходни вложени напори, како што се довршувањето на инвентарот на нелегални градби, спроведените подготвителни активности за уривање на нелегалните објекти во заштитените подрачја, финализирањето на Планот за управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион и спроведувањето на Стратегиска оцена на животната средина од овој План“, се вели во соопштението на ДОМ.

Би можело да ве интересира

ДОМ: Ни претстои сериозна борба против корупцијата пред сите млади да си заминат!

ДОМ: Револт и неверување – пратениците покажаа отсуство на хуманост и емпатија за цивилите во Газа!

А1он

ДОМ за нападот врз Арсовска: Насилството и дивоградбите не смеат да ја урнат демократијата

ДОМ: Градоначалникот на Крива Паланка да поднесе кривична пријава до обвинителство за кривично дело екоцид

ДОМ: Се противиме на промени во урбанистичкото планирање на брза рака

ДОМ: Интеграција наместо сегрегација