ДОМ: Уставниот суд во одбрана на криминалот

Од:

ДОМ остро реагира на одлуката на Уставниот суд за укинување на Законот од 2009 година, со која Претседателот на државата ќе може да помилува лица обвинети за изборен криминал, за педофилија и силување, за трговија со дрога и за воени злосторства.

ДОМ смета дека Уставниот суд е злоупотребен од страна на власта и прашува: Зошто токму во овој период е донесена оваа одлука на Уставниот суд, кога се води постапка против некои членови на владејачките партии врз база на основано сомневање дека учествувале во изборен криминал? Зарем тоа не е индиректно признание од власта дека се навистина направени изборни нерегуларности и изборен криминал во изминатите изборни циклуси?

Со ова, според ДОМ, целосно е нарушен процесот на демократизација и вербата на граѓаните во правната сигурност и во правниот систем, како темелни вредности на нашиот уставен поредок и смета дека уште еднаш се потврдува партизацијата на судството и партиското влијание врз државните институции, со спроведување политички диктат од еден центар.

Граѓаните на Република Македонија со право се прашуваат: Ќе си дозволи ли претседателот на Република Македонија да помилува лица обвинети за изборен криминал, за педофилија и силување, за воени злосторства и за трговија со дрога? За вакви криминални дејства претседателот нема овластувања да даде помилувања во ниту едно демократско и цивилизирано општество во светот!

ДОМ, исто така, изразува почит спрема професионалното работење на судиите од Уставниот суд кои беа против донесувањето на ваквата одлука, наметната од страна на власта, а во одбрана на криминалот“, се вели во соопштението на ДОМ.

Би можело да ве интересира

ДОМ: Самоуништување на природата – Дошница жртва на владината неодговорност

ДОМ: Ние нема да дозволиме демократијата да се замени со партиски калкулации, ниту волјата на граѓаните со „повереници“

Горан Наумовски

ДОМ: Ние сме за зелена Македонија, а не за рудници кои се штетни за сите

Горан Наумовски

ДОМ: Ни претстои сериозна борба против корупцијата пред сите млади да си заминат!

ДОМ: Револт и неверување – пратениците покажаа отсуство на хуманост и емпатија за цивилите во Газа!

А1он

ДОМ за нападот врз Арсовска: Насилството и дивоградбите не смеат да ја урнат демократијата