ДОМ: Стоп за хидроелектраните, со усвојување на Закон за прогласување на Националниот парк Маврово!

Од:

ДОМ бара итно да се поканат претставници на Секретаријатот на Бернската Конвенција со чија помош би се доработил постојниот нацрт на Закон за прогласување на Националниот парк Маврово. Со усвојување на Законот ќе се стави крај на понатамошната узурпација на просторот во заштитеното подрачје.

„Потсетуваме дека од 2011 година, кога формално започна постапката, сеуште не е донесен Закон за прогласување на Националниот парк Маврово. Нерешениот статус овозможува Владата да излегува во пресрет на иницијативи за изградба на објекти (хидроакумулации, мали хидроелектрани, каменоломи, патишта, туристички зони и слично) во заштитеното подрачје.

Натамошната изградба на нови објекти во овој Национален парк е штетна за заштитата на биолошката разновидност и може да нанесе неповратна штета на природните вредности заради кои ова подрачје било заштитено уште во поранешна Југославија. Исто така, реализацијата на градби во заштитеното подрачје може да го актуелизира спорот со Бернската Конвенција,што земјата ја ратификувала уште во 1997 година.

Секретаријатот на Бернската конвенција отвори спор во 2015 година заради најавите за изградба на акумулациите Бошков Мост и Луково Поле и на околу 20 мали хидроелектрани во границите на заштитеното подрачје. Од планираните 20 мали хидроелектрани, 4 се веќе изградени а за 3 се доделени концесии и изградбата може да започне во секој момент.

Потенцираме дека изградба на мали хидроелектрани во Националниот парк е спротивно на Бернската Конвенција“, се вели во соопштението на ДОМ.

Би можело да ве интересира

ДОМ поддржува влез на ВМРО-ДПМНЕ во Владата, за продолжување на евроинтеграциските процеси

ДОМ со условена поддршка за Владата

Катерина Ѓуровски

Маја Морачанин повторно избрана за претседателка на ДОМ

Ана Ололовска

„Никој не не прашува ништо“ – Студентите гневни на мерките за штедење, државата бара од нив да имаат разбирање

Орце Костов

ДОМ не го поддржува францускиот предлог

Малите коалициски партии не му даваат поддршка на Ковачевски – И тие не го виделе протоколот

Орце Костов