ДОМ: Стоп за бетонирање на Тафталиџе!

Од:

„ДОМ повикува да запре бетонирањето на Тафталиџе, што е најавено со поставувањето огради и булдожери на местото на паркот на ул. Букурешка.

Ги потсетуваме општинските власти од Карпош дека на граѓаните им ветија дека ни педа зеленило нема да се уништи во општината! Каде е сега нивниот збор, како ќе им излезат пред очи на граѓаните? Па нели се во изборна кампања, дали се откажале од гласовите на жителите на Карпош? Или пак знаат дека таму веќе поддршка не добиваат?

Настрана шегата, скандалозно е што овој обид за узурпација на детското игралиште и паркот се прави во матно време, во денови на сериозна политичка криза што ја потресува Македонија. Жално е што на некои луѓе изгледа токму тоа им се вклопува во бизнис-планот“, се вели во соопштението на ДОМ.

Би можело да ве интересира

ДОМ: Фемицидот во Велес е резултат на институционален колапс – бараме одговорност и системски промени

Европската зелена партија со силна поддршка за ДОМ: Чист воздух и безбедно управување со отпадот се итна потреба за граѓаните

ДОМ: Самоуништување на природата – Дошница жртва на владината неодговорност

ДОМ: Ние нема да дозволиме демократијата да се замени со партиски калкулации, ниту волјата на граѓаните со „повереници“

Горан Наумовски

ДОМ: Ние сме за зелена Македонија, а не за рудници кои се штетни за сите

Горан Наумовски

ДОМ: Ни претстои сериозна борба против корупцијата пред сите млади да си заминат!