ДОМ спроведе обука за алтернативни начини на изборна кампања

Од:

Зелената партија ДОМ, во соработка со Зелен Институт и холандската фондација Биро де Хилинг, организираше онлајн обука на тема „Приспособување кон алтернативен начин на партиска комуникација и активизам”.

Предавач беше Огнен Јанески кој го истакна значењето на онлајн платформите и социјалните мрежи во комуникацијата со граѓаните. На обуката учествуваа преку шеесет активисти на ДОМ, како и Ане де Бер-директор на Биро де Хилинг и Трушке Смитс од холандските Зелени.

На почетокот на настанот се одржа координативен состанок на Централниот изборен штаб со регионалните и локалните изборни штабови на ДОМ, на кој беа презентирани организациската структура и насоките за спроведување на предизборната кампања, во контекст на целосно почитување на мерките за заштита од коронавирусот, соопштуваат од ДОМ.

Би можело да ве интересира

ДОМ поддржува влез на ВМРО-ДПМНЕ во Владата, за продолжување на евроинтеграциските процеси

ДОМ со условена поддршка за Владата

Катерина Ѓуровски

Маја Морачанин повторно избрана за претседателка на ДОМ

Ана Ололовска

„Никој не не прашува ништо“ – Студентите гневни на мерките за штедење, државата бара од нив да имаат разбирање

Орце Костов

ДОМ не го поддржува францускиот предлог

Малите коалициски партии не му даваат поддршка на Ковачевски – И тие не го виделе протоколот

Орце Костов