ДОМ: Со Уредба на Владата ќе се отстрануваат дивоградбите на плажите во Охридскиот регион

Од:

Зелената партија ДОМ го поздравува донесувањето на Уредбата со законска сила за примена на Законот за градежно земјиште за време на вонредна состојба. Со примената на оваа Уредба, ќе се овозможи отстранување на дивоградбите и враќање во првобитна состојба на 25 плажи долж Охридското Езеро.

„Ова придонесува и за спроведување на мерките за заштита на крајбрежјето утврдени со Планот за управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион што Владата го усвои во јануари 2020 година. Исто така, влијае на намалување на негативните влијанија од масовниот туризам врз квалитетот на водите, биолошката разновидност и пределските карактеристики на подрачјето, како и на зачувување на УНЕСКО статусот“, велат од ДОМ.

ДОМ апелира Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи да обезбедат доследно спроведување на оваа Уредба.

Би можело да ве интересира

Еуростат: Младите во Шведска самостојни пред 18, во Македонија живеат со родителите до 32 години

А1он

ДОМ: Да не поскапува струјата за домаќинствата

А1он

ДОМ апелира да запре постапката за донесување на Урбанистичкиот план за Малиот ринг

Ландов

ДОМ: Ќе бараме промена на изборниот модел, со една изборна единица и отворени листи

А1он

„Зелена котлина“: По скандалозната одлука на Управен за рудникот Иловица, поднесена жалба до Вишиот Управен суд

Ана Василевска

Европските Зелени со поддршка за ДОМ на изборите

Ана Ололовска