ДОМ со поддршка за Тодоровиќ во вториот изборен круг

Од:

ДОМ ќе го поддржи кандидатот за градоначалник на општина Центар од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ Владимир Тодоровиќ во вторио изборен круг, изјави денеска претседателката на партијата Лилјана Поповска.

Таа посочи дека Тодоровиќ ја добива поддршката по претходно постигнат договор за пет точки.

– Ревизија на донесени детални урбанистички планови во насока на замена на високи градби со зеленило на локациите со катни гаражи кај Архитектонски факултет, зад ТЦ „Буњаковец“ и на улица „Рузвелтова“ зад Рептил два парка и на Водно за намалување на катноста и габаритот. Зголемување на парковските површини во Центар на 33.000 метри квадратни, односно 21 локација по примерот на Париз. Редовна контрола на квалитетот на воздухот преку функционирање на постојната и поставување нови мерни станици во соработка со Градот Скопје и Министерството за животна средина. Рестриктивен режим на движење за возила што загадуваат во денови со гранични вредности на воздухот, односно формирање т.н. зелена зона по примерот на Берлин, рече Поповска.

Кандидатот за градоначалник Тодоровиќ истакна дека ќе се залага во наредниот мандат да го оствари ветеното и оти катните гаражи зад Рептил ќе се претворат во два парка, со што же се добијат на 30.000 метри квадратни нови зелени површини.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија