ДОМ во саботата во Градскиот парк со мотото „Закон за урбано зеленило веднаш!“ започна кампањата за законот за урбано зеленило, кој што лидерот на партијата Лилјана Поповска го поднесе о петокот во Собранието.
Целта на кампањата е да се поддржи иницијативата на ДОМ за носење на овој закон од сите пратеници и од сите граѓани, независно од политичка, етничка и верска припадност.
Поповска ги истакна придобивките од овој закон, пред се: обезбедувања на институционална заштита на градското зеленило во Македонија; изработка на зелен катастар (попис на градското зеленило, јавно достапен); пропишани 25 м²/жител зеленило во град; пропишани 10-30% зеленило на градежна парцела; заштита на сите дрвја со обем на стебло над 40 цм.
Таа потсети дека ДОМ се бори за овој закон веќе четири години, дека пред две години беше комплетно изработен во соработка Град Скопје, ЈП паркови и зеленило и Агенција за просторно и урбано планирање, а при првото поднесување на Законот на 26 февруари 2014 тој не доби поддршка, иако од коалициониот партнер беше прифатен како еден од условите на ДОМ за коалицирање на претходните избори.
Во настанот во Градски парк денеска учествуваа сите скопски ОО на ДОМ, но кампањата паралелно се одвиваше и во Битола, Прилеп, Кочани, Пробиштип, Штип, Берово, Делчево, Гостивар, Тетово, Петровец, Крива Паланка, Ранковце, Лозово, Дојран.