ДОМ со граѓански активисти во Битола за аерозагадувањето

Од:

„Претставници на ДОМ заедно со претседателката Лилјана Поповска денес беа во посета на Битола при што остварија средба со граѓанските активисти од здружението „За нас се работи“.

Разменети беа сознанија за загрижувачката сосотојба со загадувањето на воздухот, каде главен причинител е РЕК Битола. Не разбирливо е како може локалната власт во Битола да тврди дека не постои проблем со воздухот кога последните мерења во јануари покажаа катастрофални резултати.Концентрацијата на канцерогениот безасилофапирин во овој град била и до 18 пати над дозволените вредности.Од 14 денови во 11 денови концентрацијата на ПМ 10 честичките била над максимално дозволената граница, дури и до три пати.

Неприфатливо е при вакви резултати сеуште да не е започната реализација на мерките од Програмата за заштита на амбиеталниот воздух донесена од Советот на општина Битола во 2013 година.

ДОМ понуди и експертска помош за решавање на проблемот со загадувањето на воздухот преку сестринските партии од Европските Зелени“, се вели во соопштението на ДОМ.

Би можело да ве интересира

ДОМ: Ни претстои сериозна борба против корупцијата пред сите млади да си заминат!

ДОМ: Револт и неверување – пратениците покажаа отсуство на хуманост и емпатија за цивилите во Газа!

А1он

ДОМ за нападот врз Арсовска: Насилството и дивоградбите не смеат да ја урнат демократијата

ДОМ: Градоначалникот на Крива Паланка да поднесе кривична пријава до обвинителство за кривично дело екоцид

ДОМ: Се противиме на промени во урбанистичкото планирање на брза рака

ДОМ: Интеграција наместо сегрегација