ДОМ со честитка за 11 Октомври

Од:

„ДОМ на сите граѓани им го честита големиот државен празник 11 Октомври, денот кога во 1941 година пукна првата пушка во Прилеп и Куманово и кога на територијата на Македонија народот го отпочна организираниот отпор против окупаторот. Со тоа започна и масовното и активното учество на партизаните во Македонија во борбата против фашизмот.

Ова е светол датум во поновата историја на македонскиот народ, кој го означи и новиот почеток на нашата земја во рамките на југословенската федерација. Народно-ослободителната војна зеде многу жртви и изнедри многу борци и народни херои, на кои и денес со гордост се сеќаваме и им се поклонуваме заради нивната храброст и пожртвуваност за извојување на слободата и независноста и за создавање услови за идните генерации да живеат во мир и благосостојба“, се вели во честитката на ДОМ.

Би можело да ве интересира

ДОМ: Ние сме за зелена Македонија, а не за рудници кои се штетни за сите

Горан Наумовски

ДОМ: Ни претстои сериозна борба против корупцијата пред сите млади да си заминат!

ДОМ: Револт и неверување – пратениците покажаа отсуство на хуманост и емпатија за цивилите во Газа!

А1он

ДОМ за нападот врз Арсовска: Насилството и дивоградбите не смеат да ја урнат демократијата

ДОМ: Градоначалникот на Крива Паланка да поднесе кривична пријава до обвинителство за кривично дело екоцид

ДОМ: Се противиме на промени во урбанистичкото планирање на брза рака