ДОМ: Штетните концесии за рудници може да се раскинат

Од:

ДОМ ги охрабрува граѓаните да ја продолжат борбата со референдуми во Валандово, Босилово, Ново Село и во сите други општини каде што се започнати или планирани рудници, опасни за нивното здравје и животната средина.

„Вољата на граѓаните мора да биде испочитувана, заедно со нивното ПРАВО НА ЗДРАВ ЖИВОТ! На тоа не обврзуваат нашиот Устав и закони, но и Архуската конвенција за правото на граѓаните да бидат информирани и да одлучуваат за се што е поврзано со животната средина. Ова е обврзувачки меѓународен документ, чиј потписник е и Република Македонија.

Штетните концесии за рудниците може да се раскинат, врз основа на неисполнување на делови од договорот од страна на концесионерите. Основи за раскинување има и во редица други документи, поднесени до различни министерства, а кои содржат неточни или нецелосни податоци. Во било кој од овие случаи, таквите „странски концесионери“ треба уште и оштета да и платат на нашата држава.

Загадувањето од рудниците е специфична и стручна тема за која не се, ниту се очекува да бидат стручни избраните советници, градоначалници или министри. Но во земјава има стручни лица и ДОМ ќе отвори серија стручни дебати на оваа тема, за која побаравме помош и од нашите сестрински партии од Европските Зелени.

Не смее да се дозволи трајно труење и уништување на животната средина во половина Македонија, имајќи предвид дека површината предвидена за овие опасни „рудници на смртта“ изнесува околу 10.000 км2 од вкупно 25.000 км2 на нашата земја“, се вели во соопштението на ДОМ.

Би можело да ве интересира

ДОМ: Ние сме за зелена Македонија, а не за рудници кои се штетни за сите

Горан Наумовски

ДОМ: Ни претстои сериозна борба против корупцијата пред сите млади да си заминат!

ДОМ: Револт и неверување – пратениците покажаа отсуство на хуманост и емпатија за цивилите во Газа!

А1он

ДОМ за нападот врз Арсовска: Насилството и дивоградбите не смеат да ја урнат демократијата

ДОМ: Градоначалникот на Крива Паланка да поднесе кривична пријава до обвинителство за кривично дело екоцид

ДОМ: Се противиме на промени во урбанистичкото планирање на брза рака