ДОМ: Сеопфатни судски реформи, а не само ветинг!

Од:

Зелената партија ДОМ поддржува процес на ветинг на судии и обвинители, кој би го спроведувала Комисија во чиј состав би биле вклучени меѓународни правни експерти, велат од Демократска обнова на Македонија, преку соопштение.

„Со цел вклучување на искусни правници и зголемување на бројот на обвинители и судии, кој очекувано би се намалил со ветингот, ДОМ предлага поедноставување и забрзување на постапката за прием и завршување на Академијата за судии и јавни обвинители.

Дополнително ДОМ предлага трошоците во случаите на застарување на кривичните дела, да бидат на товар на обвинителите и судиите кои учествувале во постапката. Неправедно е од средствата на граѓаните – даночни обврзници да се плаќаат трошоците настанати поради неефикасно работење на одредени судии и обвинители.

ДОМ смета дека овие предложени реформи ќе овозможат ефикасно реализирање на принципите на владеење на правото, неселективна правда и борба со корупцијата. Со тоа ќе се зголеми и довербата на граѓаните во правосудниот систем.“, се наведува во соопштението на партијата.

Би можело да ве интересира

ДОМ поддржува влез на ВМРО-ДПМНЕ во Владата, за продолжување на евроинтеграциските процеси

ДОМ со условена поддршка за Владата

Катерина Ѓуровски

Маја Морачанин повторно избрана за претседателка на ДОМ

Ана Ололовска

„Никој не не прашува ништо“ – Студентите гневни на мерките за штедење, државата бара од нив да имаат разбирање

Орце Костов

ДОМ не го поддржува францускиот предлог

Малите коалициски партии не му даваат поддршка на Ковачевски – И тие не го виделе протоколот

Орце Костов