ДОМ јавно бара одговор од општина Чаир, Градот Скопје и од Министерството за транспорт и врски, дали е спроведена легална процедура, дали се издадени и со кое образложение, дозволи за сечење на стариот парк во Топанско Поле и за изградба на џамија среде стамбени згради.
„Прашуваме исто така кога е спроведена јавна анкета за носење на ДУП за таа четврт и кој дел од забелешките на тамошните жители е прифатен? Како и за други ДУП-ови донесени во овој период на техничко продолжување на работата на локалната самоуправа, сметаме дека и овој ДУП би бил спорен и неуставен.
За нас е неприфатливо безмилосното уништување на парковски површини, за да се насадат бетонски објекти, независно дали се тие во интерес на некој бизнисмен, или на некоја верска заедница. Посебно е непримерно да изникне бучен верски објект под прозорците на спалните соби на граѓаните, независно од верската припадност. Парковите им се неоходни за здрав живот на сите жители кои таму живеат со децении.
На Македонија и е неопходна демократизација и воспоставување на кредибилни институции кои ги почитуваат законите и вољата на граѓаните, а не наметнување нечии лични или партиски интереси, на штета на правото, правдата и квалитетот на живот“, се вели во соопштението на ДОМ.