ДОМ се откажува од буџетските средства за партијата

Од:

Зелената партија ДОМ се откажува од финансиските средства кои партијата оваа година треба да ги добие од државниот буџет.

„Во ова време на корона пандемија, драгоцен е секој дополнителен денар наменет за здравствениот систем и надминување на социо-економските последици. Сега, повеќе од било кога, потребна ни е солидарност.

За ДОМ заштитата на здравјето, задржувањето на секое работно место и обезбедувањето на егзистенцијалните потреби на граѓаните се од највисок приоритет“, велат од ДОМ.

„Ги поздравуваме напорите и придонесот на некои претпријатија за оваа цел и бараме нивниот пример солидарно да го следат сите оние што не се значително погодени од ефектите на пандемијата. ДОМ апелира операторите на системите за дистрибуција на електрична, топлинска енергија, за електронски комуникациски услуги да ги намалат надоместоците за граѓаните, особено за социјално најранливите категории.

ДОМ смета дека економските мерки за справување со корона кризата на Владата треба да бидат засновани на потребите на сите засегнати страни и да произлезат од соодветни анализи и усогласени стручни мислења на економските експерти. По истиот принцип како што здравствените мерки ги носи согласно ставот на врвните професионалци од областа на медицината“, се вели во соопштението на ДОМ.

Би можело да ве интересира

ДОМ поддржува влез на ВМРО-ДПМНЕ во Владата, за продолжување на евроинтеграциските процеси

ДОМ со условена поддршка за Владата

Катерина Ѓуровски

Маја Морачанин повторно избрана за претседателка на ДОМ

Ана Ололовска

„Никој не не прашува ништо“ – Студентите гневни на мерките за штедење, државата бара од нив да имаат разбирање

Орце Костов

ДОМ не го поддржува францускиот предлог

Малите коалициски партии не му даваат поддршка на Ковачевски – И тие не го виделе протоколот

Орце Костов