ДОМ: Само со ревизија на штетните ДУП-ови ќе има и работа за градежништвото и квалитетен живот

Од:

„Никој не е против градби, туку против безграничната алчност на некои инвеститори и неодговорност на лица од политиката и администрацијата, кои наметнуваат урбана експанзија на сметка на здравјето и квалитетот на живот на граѓаните! Само со ревизија на штетните ДУП-ови ќе има и работа за градежништвото и квалитетен живот.“ Ова е одговорот на ДОМ на реакциите на претставници од бизнисот, кои тврдат дека „ќе пропаднело“ градежништвото поради мораториумот на одредени ДУП-ови.

„Да потсетиме, оваа состојба на застој во спроведувањето на ДУП-овите беше нужна заради анализа и поправка на планови кои го узурпираат и гушат просторот, а се надвор од секаков пристоен стандард и услови за еколошки одржливо градење и живеење. Ако инвеститорите и планерите имаат елементарна чесност и граѓанска солидарност, ќе ги испочитуваат барањата на граѓаните.

Секој ДУП може да се направи пристоен и одржлив, со помал габарит и катност на објектите, а со повеќе простор и зеленило меѓу нив! И никој нема да биде во загуба! Ова на дело го покажа Советот на Градот Скопје и градоначалникот Шилегов, кога преку стручната служба и градската комисија за урбанизам донесе 23 регулациски планови, изработени од Агенцијата за планирање на просторот, најголема и најрелевантна институција за просторно и урбанистичко планирање во земјава. Како што најави Шилегов, овие планови прават „доразработка на стандардите во ГУП-от и стеснување на просторот за манипулирање на општините во донесувањето на ДУП-ови.“

ДОМ со години се залага за хумано просторно и урбанистичко планирање, со намалување на степенот на изграденост на земјиштето, со простор меѓу објектите исполнет со зеленило и со сите инфраструктурни содржини неопходни за квалитетно живеење. Затоа и го изработивме Законот за урбано зеленило, кој конечно се донесе на 15 јануари 2018 година. Затоа изработивме и закони за градски архитекти, кои беа одбиени во Собранието во 2012 година и веројатно е сега право време да се поднесат повторно“ велат од ДОМ.

Би можело да ве интересира

ДОМ: Фемицидот во Велес е резултат на институционален колапс – бараме одговорност и системски промени

Европската зелена партија со силна поддршка за ДОМ: Чист воздух и безбедно управување со отпадот се итна потреба за граѓаните

ДОМ: Самоуништување на природата – Дошница жртва на владината неодговорност

ДОМ: Ние нема да дозволиме демократијата да се замени со партиски калкулации, ниту волјата на граѓаните со „повереници“

Горан Наумовски

ДОМ: Ние сме за зелена Македонија, а не за рудници кои се штетни за сите

Горан Наумовски

ДОМ: Ни претстои сериозна борба против корупцијата пред сите млади да си заминат!