ДОМ: Проблемот со бездомните кучиња може да се реши само со интерсекторска соработка

Од:

„По јавно искажаните заложби на градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, за решавање на проблемите со бездомните кучиња, ДОМ му дава поддршка со неколку конкретни сугестии. Тие се базираат на консултации со стручни лица и претставници од граѓански асоцијации за заштита на животни, посебно со „Анима мунди“, со кои имаме соработувано и на законската регулатива:

Прво, ова не е проблем само на Скопје и не може да го реши сама градската управа. Бездомните кучиња може да се решат само со интерсекторска соработка на Градот Скопје, ЈП Комунална хигиена, ЗЕЛС, Агенцијата за храна и ветеринарство, Ветеринарната комора, Кинолошкиот сојуз и организациите за заштита на животни. Сите заедно, треба да изградат одржлива политика за справување со бездомните кучиња.

Второ, Законот за благосостојба на животните не се спроведува во целост, а некои одредби треба да се преиспитаат низ јавна расправа и можеби да се променат. Мора да дојдеме до одговорно сопствеништво на миленици, со ограничување на неконтролирано размножување и со следење на патот на новородените единки. Ако се знае дека една единка два пати годишно може да продуцира 6-10 кученца, не треба да чуди огромната бројка од 6-8.000 бездомни кучиња само на скопските улици! Не постои стационар кој може да ги згрижи. Се разбира, во секој момент ја имаме на ум обврската за хуман третман и стерилизација.

Трето, оние сопственици, кои сакаат да имаат домашно милениче и да го размножуваат, треба да се регистрираат како одгледувачи, со плаќање соодветен надоместок. Со оглед на веќе драматичните димензии на проблемов, треба да се размисли можеби и за привремен мораториум за купување кучиња и понуда на оние што немаат дом.

Четврто, моделот што ќе се одбере треба да добие соодветна ставка и во државниот буџет и во локалните буџети. Затоа што ова е сериозно прашање како за безбедноста и здравјето на луѓето, така и за благосостојбата на животните, за да не бидат изложени на труења, борби со кучиња и секакви други малтретирања!

Се на се, ќе бидат потребни најмалку пет години за да се реши овој проблем, но треба да се почне веднаш. Постојат многу успешни модели од Германија, Данска, Шведска, Словенија и други земји, кои може да послужат како патоказ“ се вели во соопштението на ДОМ.

Би можело да ве интересира

Маж во Сплит чувал волци и кучиња во нехумани услови

Општини за еднодневен престој на куче во прифатилиште плаќале за 244 отсто повеќе од просечната цена

Орце Костов

Tри борбени кучиња во Австрија убија жена, сопственичката на животните е осудена

Жител од селото Зајас организирал борби со кучиња

„Кучиња се дават во крв додека некој се радува на победа“: Помеѓу Охрид и Струга изграден ринг за борби

Орце Костов

Планинар пронајден мртов, кучето два месеци лежело до него