ДОМ: Претседавачот на Европските Зелени во посета на ДОМ за актуелната политичка криза

Од:

На 16 и 17 мај (понеделник и вторник) во Република Македонија ќе престојуваат ко-претседавачот на Европската Зелена Партија и член на Европскиот парламент, Рејнхард Бутикофер и Роберт Година, политички советник на Зелените.

Тие ќе имаат средба со Лилјана Поповска и раководството на ДОМ, која е членка на Европската Зелена Партија. Се очекува на средбите да стане збор за актуелната политичка ситуација во Македонија и за проширување на соработката со другите зелени партии.

Претставниците на Зелените ќе имаат средби и со министерот за надворешни работи, Никола Поповски, со високи претставници на Канцеларијата на ЕУ во Скопје, со претседателот на СДСМ, Зоран Заев, како и со претставници на невладини организации.

Ве информираме дека на 17 мај (вторник) во 13:30 часот во централната канцеларија на ДОМ ќе се одржи заедничка прес-конференција на европратеникот Бутикофер и претседателката Поповска.

Би можело да ве интересира

ДОМ: Самоуништување на природата – Дошница жртва на владината неодговорност

ДОМ: Ние нема да дозволиме демократијата да се замени со партиски калкулации, ниту волјата на граѓаните со „повереници“

Горан Наумовски

ДОМ: Ние сме за зелена Македонија, а не за рудници кои се штетни за сите

Горан Наумовски

ДОМ: Ни претстои сериозна борба против корупцијата пред сите млади да си заминат!

ДОМ: Револт и неверување – пратениците покажаа отсуство на хуманост и емпатија за цивилите во Газа!

А1он

ДОМ за нападот врз Арсовска: Насилството и дивоградбите не смеат да ја урнат демократијата