„ДОМ ја поздравува препораката од ЕУ за започнување преговори за членство. Таа претставува заслужен и очекуван поттик за Македонија по двегодишниот застој. Таа е можност и за собирање сила за спроведување на реформи во насока на демократско, праведно и просперитетно општество.
Препораката е најава за убави работи што ги очекуваат европски ориентираните граѓани. Се надеваме дека во јуни конечно ќе добиеме и датум за отпочнување на преговорите, а потоа и ќе ги водиме, со многу ентузијазам и енергија, во интерес на граѓаните на Република Македонија.
Би било погубно за нас, но и за ЕУ, ако бидеме повторно оставени на слепиот колосек со осмата препорака. Тоа би била плодна почва за јакнење на регресивни сили и процеси, но и за длабока разочараност во Европа и нејзините вредности“ се вели во соопштението на ДОМ.