ДОМ предложи заменик министер за животна средина и просторно планирање и директор на Државниот инспекторат за животна средина

Од:

Зелената партија ДОМ предложи заменик министер во Министерството за животна средина и просторно планирање и директор на Државниот инспекторат за животна средина, кои се две клучни места преку кои може ефикасно да се води борбата со загадувачите на воздухот, водата и почвата.

Како што информираат преку соопштение, за заменик министер во Министерството за животна средина и просторно планирање ДОМ ја предложи Христина Оџаклиеска, доктор на географски науки, со специјалност во областа на заштита на животната средина, која доаѓа од Агенцијата за просторно планирање, каде работи како планер со посебни овластувања за заштита на животната средина и природното наследство.

Оваа функција ќе овозможи директно учество на ДОМ во Владата и поголемо влијание врз зелените политики и заштита на животната средина.

За директор на Државниот инспекторат за животна средина е предложена Ана Петровска, досегашен државен секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање, која е долгогодишен граѓански активист и експерт во областа на животната средина.

Ова, велат од ДОМ, е најжешкото еколошко столче во државата, каде во кус период преку Мирослав Богдановски покажавме како се работи.

– Токму затоа инсистиравме на оваа позиција, каде е потребна посветеност, стручност и интегритет, за да се спречи загадувањето и да се откријат и казнат загадувачите, велат од ДОМ.

Би можело да ве интересира

Европската зелена партија со силна поддршка за ДОМ: Чист воздух и безбедно управување со отпадот се итна потреба за граѓаните

ДОМ: Самоуништување на природата – Дошница жртва на владината неодговорност

ДОМ: Ние нема да дозволиме демократијата да се замени со партиски калкулации, ниту волјата на граѓаните со „повереници“

Горан Наумовски

ДОМ: Ние сме за зелена Македонија, а не за рудници кои се штетни за сите

Горан Наумовски

ДОМ: Ни претстои сериозна борба против корупцијата пред сите млади да си заминат!

ДОМ: Револт и неверување – пратениците покажаа отсуство на хуманост и емпатија за цивилите во Газа!

А1он