ДОМ предлага електронско гласање за дијаспората

Од:

Од политичката партија Демократска обнова на Македонија (ДОМ) сметаат дека не треба да се укине гласањето на дијаспората, туку да се спроведе електронско гласање со кое би се намалиле трошоците. Од ДОМ соопштуваат дека овој начин на гласање во дијаспората би можел да се спроведе како пилот проект на следните парламентарни избори што треба да се одржат во април2016 година.

На локалните избори во 2013 година од партијата велат дека се соочиле со изборни неправилности и дека од тогаш го застапуваат ставот за електронско гласање. На овие избори ДОМ освои 25.000 гласови.

„ДОМ отсекогаш се залагал за гласање на дијаспората и останува на тој став, зашто цивилизациска придобивка е духовното поврзување на македонските граѓани со својата дијаспора, која претставува голем процент од вкупното население во државата. ДОМ смета дека најрационално и најправично гласање на дијаспората ќе се овозможи со електронско гласање. Со него ќе се обезбеди поголемо учество на дијаспората во изборниот процес, а истовремено намалување на трошоците. Електронското гласање на дијаспората може овој пат да биде применето и како пилот проект за цела Р.Македонија и подготовка за некои следни избори кога ќе имаме изградено силни и независни институции“, соопштија од таму.

Би можело да ве интересира

ДОМ поддржува влез на ВМРО-ДПМНЕ во Владата, за продолжување на евроинтеграциските процеси

ДОМ со условена поддршка за Владата

Катерина Ѓуровски

Маја Морачанин повторно избрана за претседателка на ДОМ

Ана Ололовска

„Никој не не прашува ништо“ – Студентите гневни на мерките за штедење, државата бара од нив да имаат разбирање

Орце Костов

ДОМ не го поддржува францускиот предлог

Малите коалициски партии не му даваат поддршка на Ковачевски – И тие не го виделе протоколот

Орце Костов